ПопуларноСпорт

Официјално: Килијан Мбапе го напушта ПСЖ

Килијан Мбапе денес на разговор со челниците на клубот најави дека нема да го продолжува договорот со ПСЖ и ке биде слободен играч штом заврши сезоната.

Конечно е официјално и се знае дека Килијан Мбапе од наредната сезона веќе нема да биде дел ПСЖ. Мбапе прво ги најавил вестите директ на Наср Ал Келафи, сопственикот на клубот, по што се официјализирале вестите.

Заинтересирани клубови за Мбапе се речиси сите што можат да си го дозволат. Како заинтересирани веднаш се јавија Реал Мадрид и всушност веќе се шпекулира дека му понудиле договор кој бил многу помалку од тоа што го заработувал во ПСЖ. Исто така и Барселона изјавија интерес во Французинот исто како и Ливерпул. Кружи интересна шпекулација дека примамлив клуб на Мбапе му бил Арсенал, но сеуште не се знае колку вистина има во тоа.

ПСЖ потрошија вкупно над 300 милиони долари за Меси, Нејмар и Мбапе, кои на крајот си отидоа беспари и без да освојат ниту една титула од Лигата на Шампионите.