Спорт

Познат дуелот за Супер Боул 58!

Во финалињата од источната и западната дивизија во НФЛ лигата успешни беа екипите на Канзас Сити Чифс и Сан Франциско Фортинајнерс.

Во нивната претходна во средба во 2020 Супер Боул, успешни беа Чифс со победа од 31-20.

Она што беше интересно вчера помеѓу Канзас и Балтимор е што Тревис Келси го сруши рекордот на Џери Рајс од 151 рецепции во плејоф. Рекорд кој според многумина беше недопирлив. Оваа победа ги носи Чифс во четврти Супер Боул во 5 години што укажува за големината на Патрик Махоумс и екипата околу него.

Од другата страна, Детроит Лајонс имаа шанса за прв пат во историја да стигнат до Супер Боул и речиси со една нога беа веќе влезени но Брок Пурди покажа вистински мајсторство во втората половина каде што успеа да помогне на својот тим да постигне 20 поени повеќе од Детроит за конечен резултат од 34-31.

Во овогодишното Супер Боул ќе настапи Ашер на полувреме а се игра на 9ти Февруари.