ПопуларноСпорт

Почина легендарниот Свен Горан Ериксон

Прославениот фудбалски тренер Свен Горан Ерискон почина денеска на 76-годишна возраст по тешко боледување.

Славниот Швеѓанец боледуваше од рак на панкреасот и веќе некое време се збогуваше со последните атоми на силата. За жал, тој не можеше повеќе да ја издржи борбата.

Веста за неговата смрт ја соопшти семејството преку соопштение.

„Свен Горан Ериксон почина по долго боледување, почина дома опкружен со семејството. Од него се простија ќерката Лина, синот Јохан со сопругата Амана и внуката Скај. Таткото Свен, девојката Џенисет со синот Алисде, братот Ларс Ерик и неговата сопруга Џумнонг со ова бараат да ја почитувате нивната желба да тагуваат приватно и да не контактирате со нив“, велат од семејството.

Свен Горан Ериксон е познато име во светот на фудбалот, особено што водеше голем број клубови и репрезентации.

Работеше во Дегерфорш и Гетеборг во својата татковина, пред да замине во Европа. Беше тренер на Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Манчестер Сити, Лестер, Гуангжу, Шангај и Шенжен, додека како селектор работеше и во Англија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и Филипини.

Ериксон беше голем навивач на Ливерпул, чиј тренер не беше никогаш, но на 23 март годинава го исполни својот сон и го предводеше Ливерпул од клупата во хуманитарен меч на „Енфилд“.