Спорт

Сопруга на фудбалер: „Никогаш не би излегувала со некој што заработува помалку од 10.000 евра“

Ана Зубкова, сопруга на украинскиот фудбалски репрезентативец Александар Зубков, го привлече вниманието на јавноста со своите зборови.

Украина обезбеди пласман на Европското првенство во фудбал преку финалето во Лигата на нации победувајќи го Исланд по пресврт.

Во Украинскиот тим беше и Александар Зубков, кој инаку не играше, па за одекнување на семејното име се погрижила неговата сопруга Ана, со која тој има и едно дете.

Поранешната манекенка е позната по објавување на атрактивни фотографии на социјалните мрежи, но пред узвесби време го привлече вниманието на јавноста со изјавата која повторно брзо се проширила по пласманот на Украина на ЕУРО.

„Не би можела да бидам со маж кој не заработува многу. Ако се прашувате која плата би била нормална за мојот човек, би рекла 10.000 евра месечно“, напишала сопругата на украинскиот фудбалер.

Од тогаш се смета за дрска и разгалена, но воопшто не ја допираат коментарите на околината. Признала дека во себе вложува речиси три илјади евра месечно.

„Сама не купувам ништо скапи, се ми дава сопругот“, се пофалила русокосата Украина, која инаку е фармацевтка по професија. Пред да го запознае Зубков, работела на институтот во Харков, но сега ужива во животот и грижата за својата ќерка.

Нејзиниот сопруг е 27-годишниот фудбалер од средниот ред на Шахтјор од Доњецк. Досега за Украина одиграл 29 натпревари и постигнал два гола.