Спорт

Јадам како Новак и се чувствувам феноменално…уште рекет ми фали

Исхраната на Ѓоковиќ како што и тој самиот вели е една од главните причини за неговиот успех. Иако на многумина тој начин на исхрана им делува како да е над можностите на еден просечен човек, девојката Маријана го проба појадокот на Новак и набрзо ги почувствува бенефитите на комбинирањето на тие намирници.

На својот „TikTok“ профил, Маријана споделува рецепти за вкусни слатки, но помеѓу меѓубројните колачи и торти, сподели и снимка од еден мал експеримент. Таа одлучи да појадува како Новак Ѓоковиќ, а тој своето утро го започнува со здрав појадок составен од разновидно овошје, леб без глутен и кремови за мачкање без млечни производи.

Топла вода со лимон

Посебен акцент става врз хидратација па така едно од првите нешта на неговото мени е топлата вода со лимон.

Како што кажува Ѓоковиќ: „Денот го започнувам со топла вода и лимон за да му помогнам на телото во детоксикацијата и за да го поттикнам метаболизмот“. Истото го направи и Маријана која во видеото покажува како сече лимон а потоа пие една чаша од тој сок.

Зелено „смути“

По хидратацијата, Новак најчесто преминува на нутритивно богато „смути“. Овој напиток вообичаено се состои од овошје, листовиот зеленчук, семки а понекогаш и растителен протеин во прав. Често ги вклучува и „суперхраната“ како што се спирулината и чиа семките коишто обезбедуваат дополнителна доза на енергија и хранливи материи.

„Смутито е одличен начин бргу да внесам многу хранливи материи. Вообичаено користам овошје, зеленчук и „суперхраната“ за да имам урамнотежен почеток на денот“, изјави Ѓоковиќ.

Маријана исто така го подготвуваше своето зелено „смути“, во коешто ставаше спанаќ, краставица, ѓумбир и јаболко. „Тој додава уште некои алги, но јас ги немам“ коментираше Маријана и нагласи дека и покрај тоа вкусот на нејзиното смути и се допаѓа.

@justeatme__

Sad sam spremna za sledece olimpijske igre

♬ Mozart Minuet with violin(815356) – 松本一策

Гранола со овошје

Ѓоковиќ одбегнува глутен и млечни производи, кои според неговото мислење помагаат во одржување на оптимални перформанси и намалувањето на воспалението на телото. Користи леб без глутен со авокадо или путер од бадеми што претставува поздрав извор на масти и протеини, неопходни за неговите исцрпувачки тренинзи.

„Исхраната без глутен направи огромна разлика во мојот живот и во кариерата. Се чувствувам полесно, поенергично а времето кое ми е потребно за закрепнување значително е пократко“, вели Ѓоковиќ.

По топлата лимонада и смутито, Новак јаде овесна каша или гранола со ореви, семки и бобинки. Оваа комбинација му овозможува постепено ослободување на енергијата што е клучно за неговите утрински тренинзи.

„Гранолата со бобинки е одлична опција за појадок. Долго се чувствувам ситост, хранлива е и со часови имам високо ниво на енергија“, објаснува Ѓоковиќ.

Маријана го послушала советот на Новак. Таа се одлучил за вегански јогурт во којшто додаде домашна гранола, малку јаткасти плодови, капини, круши, сливи и диња.

„Морам да признаам дека ова многу ми се допаѓа, така што на овој лесен појадок му давам чиста десетка“, заклучи таа.