Спорт

Јирген Клоп го напушта Ливерпул на крајот од сезоната!

Денеска вистинска бомба го удри Мерсисајд. Јирген Клоп по 9 години водење на клубот одлучи дека е време да му се раскрстат патиштата со Ливерпул.

Јирген Клоп беше назначен како тренер на Ливерпул во 2015та година и од тогаш ја освои Премиер лигата како и Лигата на шампионите.

Кога го прашаа Клоп дали ке има улога во бирањето на неговиот наследник, тој рече “Зашто би направил нешто такво? Она што го имаме изградено во последните 9 години е многу силна структура зад сцените. Последно нешто што му треба на Ливерпул се совети од старец кој што искача од клубот”

Една од потенцијалните замени за Клоп е легендата на Ливерпул Чаби Алонсо, кој моментално се покажува како извонреден тренер на Бајер Леверкузен кој е наоѓа на врвот на германската Бундеслига.

Договорот на Јирген Клоп му важи до 2026 но сепак нема да стигне до крај тој договор.