ПопуларноТехнологија

Бегството од страшно торнадо го претвори во профитабилен бизнис, го преживеа она што никој друг го нема! (ВИДЕО)

Едгар О’Нил е Американец кој порано беше дел од шоу-бизнисот, денес е познат како бркач на бури

Неговата приказна со бурите започна во 2013 година кога првпат се соочи со разорно торнадо во Оклахома, од кое мораше да побегне со семејството.

Тоа искуство му го променило животот и оттогаш се посветил на проучување и следење на бурите.

Иако на почетокот не знаел многу за бурите, откако разговарал со познаник на неговата сопруга која се занимавала со оваа тема, Едгар целосно се посветил на оваа професија.

Сега собира податоци за бури и им помага на спасувачките служби. Неговиот тим е често првиот што пристигнува на местото на уништувањето за да ја процени ситуацијата и да им помогне на луѓето кои можеби се заробени под урнатините.

Едгар истакнува колку е тешко да се предвиди движењето на бурите и колку вештина е потребна за тоа.

Тој го опишува центарот на торнадото како хаотично место каде што чувствувате притисок во ушите и збунетост поради брзината на ветерот и остатоците.

Тие користат специјализирано возило „Доминатор 3“, кое е оклопно и опремено со софистицирани инструменти, што им овозможува безбедно следење и проучување на бурите.