ПопуларноТехнологија

(ВИДЕО) Познатиот хуманоиден робот Софија се сопна во Грција

Софија, глобално познатиот хуманоиден робот со вештачка интелигенција, доживеа дефект во Солун, Грција кога падна на скалила во изложбен центар.

Роботот кој моментално е на турнеја низ Грција падна на меѓународниот саем во Солун пред толпата која се собра да и се восхитува. Организаторите на турнејата рекоа дека таа имала полесни „повреди“.

Таа се продава како „социјален робот“ кој може да го имитира социјалното однесување и да предизвика чувства на љубов кај луѓето.