Технологија

Запознајте го “Huion Note” тетратка од иднината

„Huion Note“ e паметен уред кој преку BlueTooth се конектира со вашиот телефон и синхронизирано пренесува све што е напишано во тетратката

Паметната дигитална тетратка е мала и пренослива, изработена од кожа со големина А5 и 50 листови хартија.

На тетратката и е потребно специјално пенкало кое го произведува Huion, „Pentech 3.0“.

Офлајн белешките може брзо да се синхронизираат со вашиот телефон и да се извезуваат во различни формати за споделување и комуникација, а документот на којшто работите може да биде зачуван во кој било формат. Додека батеријата гарантира 18 часа функционирање без полнење.

Huion Note поддржува снимање на потези при правење белешки или цртање. Повторувањето на потезите може да се користи и за да ви помогне да се потсетите на чекорите при создавање уметничко дело или решавање на математички проблем.

Тетратката се продава по цена од 95 евра. Откако ке се потрошат листовите, нови може да се купат за 23 евра.