Технологија

Новиот стартап на Илон Маск “xAI” собра инвестиции вредни 6 милијарди долари. Во финансирањето учествуваше и Саудиски милијардер!

Во ноември, компанијата за вештачка интелигенција го лансираше чет-ботот “Grok”

Стартапот за вештачка интелигенција xAI на Илон Маск објави дека собрал 6 милијарди долари во кругот на финансирање од Серија Б во кој стартапот влегува во фаза на забрзан раст или скалирање.

Во финансирањето учествуваат “Valor Equity Partners”, “Andreesen Horowitz”, “Sequioa Capital” и саудискиот милијардер Ел Валид бин Талал, пренесува Танјуг.

Компанијата xAI постигна значителен напредок во изминатата година, објавувајќи го Grok во ноември и постепено објавувајќи ги неговите понатамошни подобрени верзии, беше наведено на веб-страницата xAI.

Компанијата на Маск има намера да ги искористи собраните средства за пласирање на своите производи на пазарот, изградба на напредна инфраструктура и забрзување на развојот на идните технологии, се посочува на блогот на компанијата.