Технологија

Ново-отворениот портал веќе затворен откако инфлуенсерка одлучи да ги покаже градите!

Неодамна беше отворен “портал” кој ги поврзува Њујорк и Даблин и дозволува во реално време граѓаните на двата градови да се гледаат 24/7

Организаторите на порталот како да не земале во обзир дека преку порталот може да се покажуваат експлицитни содржини па така една инфлуенсерка успеа да го затвори порталот за двете страни.

Имено, инфлуенсерка од страната на Њујорк одлучи да ги покаже градите на гледачите од Даблин, што резултираше во привремено затворање на порталот.

Ова не е прв случај на контраверзија поврзан со порталот. Неодамна од страна на Даблин беше покажана слика од 9/11 авионската несреќа во коа беа срушени кулите близначки.

Сеуште не се знае кога ке биде повторно во функција порталот.