Технологија

Ова се цените на телефоните Google Pixel 9 во Европа, нема заостанување зад конкуренцијата

Google ја претстави својата најнова серија Pixel телефони, Pixel 9, а сега цените за Европа се потврдени.

Најдобрата зделка ќе биде во Германија, каде што клиентите ќе добијат повеќе простор за складирање по основната цена за сите уреди со Pixel 9, вклучувајќи го и Pixel 9 Pro Fold.

Така, Google Pixel 9 во варијантата 12/128GB ќе чини 899 евра, додека моделот со 12/256GB ќе чини 999 евра. Цената за Google Pixel 9 Pro е 1099 евра (16/128GB), 1199 евра (16/256GB) и 1329 евра (16/512GB), пренесува b92.

Најголемиот модел Google Pixel 9 Pro XL доаѓа со четири опции за меморија, секоја со 16GB RAM, а цените се 1.199, 1.299, 1.429 и 1.689 евра.

Флексибилниот Pixel 9 Pro Fold чини 1.899 и 2.029, во зависност од тоа дали доаѓа во конфигурација од 16/256 GB или 16/512 GB.