Технологија

Одлучено: Австралија забранува електрични скутери во центарот на градот

Градскиот совет на Мелбурн гласаше за забрана на изнајмените електрични скутери во централната деловна област.

Како што истакнаа, овие скутери претставуваат неприфатлив ризик за јавната безбедност и се поврзани со асоцијално однесување.

Собранието им даде на операторите Лајм, со поддршка на Uber Technologies Inc. и Neuron Mobility со седиште во Сингапур, 30 дена да ги отстранат скутерите од центарот на градот, завршувајќи ги договорите шест месеци пред да истечат.

Во Мелбурн, од февруари 2022 година трае тестирањето за употреба на електрични скутери.

На возачите на скутери не им се простува и изречени над 600 казни. Несреќите со скутери се во пораст, a најмногу страдаат младите.

Безбедноста на граѓаните на Мелбурн е постојано загрозена од возачи кои прават погрешни работи – возат по ленти, пијат, возат без заштитни кациги, се вели во соопштението на градоначалникот на Мелбурн, Николас Рис.
Тој посочи дека електронските скутери се оставаат на пешачки патеки, паркови и на јавни места, поради што постои опасност во сообраќајот.

Зголемената популарност на е-скутерите како форма на градски превоз се рефлектира во поврзаното зголемување на повредите и приемите во болница, главно меѓу младите мажи, според студијата на Универзитетот во Нов Јужен Велс објавена претходно оваа година.

Минатата година Париз стана првата европска престолнина која забрани изнајмување електрични скутери по референдумот на кој над 90 отсто од луѓето гласаа за забраната.