Храна и Здравје

Бешамел сос, рецепт кој секогаш излегува совршено кремаст и без грутки

Бешамел сосот е основен сос во француската кујна, а често се користи и во другите европски кујни. Нејзината основна подготовка вклучува само неколку основни состојки и тоа: путер, брашно и млеко.

Бешамел сосот може да се зачини по вкус со сол, бибер, морско оревче или други зачини. Се користи како основа за многу други сосови, при подготовка на лазањи, јадења од гратин и разни печени јадења. Во продолжение погледнете класичен рецепт за кремаст бешамел без грутчиња.

Состојки:

50 гр путер
50 гр брашно
500 мл млеко
сол, по вкус
бибер, по вкус
Мускантно оревче по желба (рендано)

Припрема

  1. Растопете го путерот во средно тенџере, на средно-силен оган.
  2. Кога путерот целосно ќе се стопи, додадете го брашното. Добро измешајте додека брашното целосно не се соедини со путерот и не се формира мазна паста. Продолжете со мешање уште 2-3 минути, додека пастата не добие светло жолта боја.
  3. Постепено додавајте го млекото со постојано мешање за да избегнете грутки. Најдобро е млекото да се додаде во мали количини и да се меша помеѓу додатоците.
  4. Кога ќе се истури сето предвидено количество млеко и сосот ќе се изедначи, продолжете со готвење на средно-тивок оган со постојано мешање. Сосот ќе почне полека да се згуснува додека се готви. Гответе додека не се постигне саканата дебелина (обично 5-7 минути).
  5. После тоа, додадете сол, бибер и рендано мускантно оревче по вкус, па добро измешајте.
  6. Толку! – вашиот бешамел сос е готов! Можете да го користите веднаш – да подготвите лазања, грчка мусака, некои тестенини или пилешки јадења или да ја покриете со пластична фолија за да не се залепи тенка кора на површината додека не почнете да го подготвувате јадењето или да го консумирате сосот од бешамел.