Храна и Здравје

Доктор ја предлага најдобрата храна за намалување на шеќерот: ќе им се допадне на дијабетичарите

Д-р Меги Пауерс откри која храна би било добро да ја изберете за да го држите шеќерот под контрола. На прво место е лиснатиот зелен зеленчук, особено спанаќот.

Исто така, според д-р Пауерс, добро е да се јаде зелка, но и храна богата со протеини како јогурт, свежо сирење, јајца, посно месо и путер од кикирики.

Пауерс забележува дека дијабетичарите можат да консумираат и овошна вода што самите ја подготвуваат. Лимонот или краставицата треба да се додадат во обична вода и да се остават да отстојат 24 часа пред да се консумираат.

Да потсетиме дека повеќето симптоми на почетокот на болеста не се видливи, а најчести се жед, сува уста, нагло слабеење, често мокрење, зголемен глад, замор и исцрпеност.