Храна и Здравје

Еве зошто е потребно да се јадат по 3 суви сливи секое утро

Сувите сливи се, без сомнение, најдоброто сушено овошје. За разлика од свежите сливи, сувите може да се чуваат околу шест месеци. Кога се чуваат во фрижидер, во затворен сад, остануваат за јадење и до една година!

Сувите сливи се добри за здравјето од повеќе причини, а имаат и многу практични ефекти доколку се консумираат редовно и умерено.

Сувите сливи содржат концентриран сорбитол и влакна, што им дава поголем лаксативно дејство од свежите сливи.

И свежите и сувите сливи се вистинска ризница на калиум, влакна, витамин К, а може да се најдат и траги на магнезиум и железо.

Суви сливи како лек

Еден од најстарите кинески лекови се прави од суви (чадени) сливи и се нарекува убаи. Овој лек ги ублажува симптомите на гадење, треска и кашлица.

На врвот на листата од 24 видови овошје со антиоксидантна моќ е свежата слива, додека сувите сливи се далеку пред сувите смокви, урмите, грозјето, кајсиите, со двојно поголема антиоксидантна моќ.

Сувите сливи се добар извор на нерастворливи и растворливи влакна. Нерастворливите влакна помагаат во одржување на редовна столица, додека растворливите влакна помагаат во умерено варење и апсорпција на хранливите материи од храната.

Сувите сливи исто така содржат сорбитол и хлорогена киселина, што може да ја зголеми фреквенцијата на столицата.

Големите количини на витамин К во сливите исто така помагаат во подобрување на здравјето на коските.

Зошто е потребно да се јадат суви сливи секој ден?

Истражувањата покажаа дека флавоноидите присутни во сливите се ефикасни во заштитата од когнитивното оштетување поврзано со возраста.

Редовното консумирање сливи, исто така, помага во спречување на невродегенеративни нарушувања поврзани со возраста, како што се Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Сувите сливи можат да помогнат во намалувањето на нивото на гликоза во крвта и ЛДЛ холестеролот („лошиот холестерол“), додека ги штитат вашите клетки од оштетување што може да доведе до болести.

Кога да е најпогодно да се јадат суви сливи?

Јадењето суви сливи наутро е одличен начин да ги искористите придобивките од антиоксидансите за да го започнете денот. Ова може да помогне при редовно празнење на дебелото црево и да спречи запек.

Плус, природниот енергетски поттик од сувите сливи може да ви помогне да имате попродуктивно и поенергично утро.