Храна и Здравје

Зошто често имаме главоболки кога е топло?

Главоболките не се ретка појава, а на топло време се јавуваат почесто. Освен што ја отежнуваат работата и концентрацијата, тие воопшто не се пријатни.

Терапевтот Полина Шубина објасни зошто нашата глава може толку многу да боли кога е жешко.

Првата причина е високата температура.

“Секој организам реагира на топлина со проширување на крвните садови, што резултира со пад на крвниот притисок. Кога крвниот притисок е премногу низок, недоволна крв допира до сите делови на телото. Како резултат на тоа, клетките не добиваат доволно кислород и хранливи материи, што може да биде поттик за главоболки“, вели Шубина.

Второ, во топлината се потиме, губиме течности и важни минерали. Протокот на крв се зголемува и крвниот притисок се намалува, што предизвикува главоболки кај некои луѓе.

Големата температурна разлика помеѓу надворешниот воздух и онаа на затворените климатизирани простори е исто така потенцијален предизвикувач за главоболки.

Ако разликата е повеќе од пет степени, се препорачува да носите дополнителен слој облека за да ве загрее додека вашето тело не се аклиматизира на пониските температури.

Како да избегнете главоболка на топло?

  • Пијте доволно течности
  • Избегнувајте да бидете на затнат места
  • Носете лесни и светли материјали
  • Ако страдате од висок крвен притисок, не заборавајте да пиете лекови
  • Туширајте се со млака до поладна вода
  • Избегнувајте да бидете на отворено помеѓу 10 и 17 часот, кога сонцето е најсилно