Храна и Здравје

Мохито коцки! Летна торта со арома на познатиот коктел – фенси уживање за оние со префинет вкус


Никој нема да може да одолее на колачот со мохито коцка, бидејќи има арома на познатиот коктел и лимета

Состојки:

3 супени лажици лесен рум

3 лажици сечкано свежо нане, плус уште за украс

95 гр несолен путер, омекнат

60 гр шеќер во прав, плус уште за посипување

250 гр повеќенаменско брашно

4 јајца

160 гр шеќер

¼ лажичка сол

2 лажички кора од лимета

85 мл свеж сок од лимета

2 лажици полномасно млеко

2 – 3 капки зелена боја за храна (опционално)

Подготовка:

За колачот, прво измешајте ги румот и сечканото нане во помал сад и оставете го да отстои 20 минути. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте го плехот за печење. Во поголем сад изматете го путерот со миксер на средна брзина 30 секунди. Додадете го шеќерот во прав и матете додека не се соедини. Измешајте половина од брашното и матете додека не се соедини. Печете додека не се стегне, 20 до 22 минути.

Во меѓувреме, изматете ги јајцата и шеќерот во голем сад. Додадете го преостанатото брашно и сол, матете додека не се соедини. Додадете кора од лимета, сок од лимета и млеко. По желба изматете ја и прехранбената боја. Над помал сад ставете цедалка и истурете ја смесата со рум во цедалката. Притиснете со задниот дел од лажицата за да се исцеди течноста од сечканото нане и фрлете ги листовите. Исцедената течност изматете ја во смесата со јајца додека убаво не се соедини. Прелијте ги делумно испечените кори. Печете уште 22 до 25 минути. Целосно се лади на решетка, околу 1 час. Непосредно пред сервирање посипете со дополнителен шеќер во прав. Се сече на коцки и се украсува со цели листови нане.