Храна и Здравје

Најбрзиот тест за препознавање на мозочен удар: Ако не можете да направите една работа, настанала сериозна штета

Добро е да се внимава на секоја ситница што може да укаже дека на нас или на луѓето околу нас ни е потребна медицинска помош. Неврологот Елена Даиникова за странските медиуми изјави дека е неопходно да се внимава на одењето, зборувањето и изразот на лицето.

„Може да се јави вртоглавица, нарушување на рамнотежата при стоење и одење, моторни (слабост на рацете и/или нозете) и сензорни (вкочанетост) и нарушувања на говорот.

Тежината на симптомите зависи од степенот на оштетување на мозокот“, објасни таа и откри дека доколку постои сомневање за мозочен удар, треба да се направи едноставен тест.

„Побарајте од пациентот да се насмее. Ако мозокот е оштетен, насмевката ќе биде неправилна“, рече таа.

Тест за брзо препознавање на мозочен удар

Говорење: Кажете кратка реченица како: „Денес е сончев ден“. Здравиот човек изговара реченица без потешкотии, додека болниот од мозочен удар тешко се сеќава на реченицата и има потешкотии или не може да ја повтори.

Раце: Обидете се да ги кренете двете раце во висина на рамената. Здравиот човек може без проблем да ги држи извесно време во оваа поза, но оној со мозочен удар има потешкотии, бидејќи една од нив веднаш ќе почне да се ниша.

Лице: Насмевнете се и проверете го вашето лице. Кај здрава личност насмевката е симетрична, кај човек кој страда од мозочен удар едната страна од лицето е опуштена.