Храна и Здравје

Ова мора задолжително да го правите по пливање во базен, бактериите можат да навлезат во нервниот систем

Лекарите советуваат да се внимава во базените, езерата и морињата поради честите инфекции на увото предизвикани од бактерии и габи, особено кај децата.

Проф. д-р. Сања Крејовиќ, фонијатар и оториноларинголог, за РТС изјави дека треба да се води сметка за хигиената на ушите и грлото и укажува дека може да се појават и „невидливи повреди“ на увото, како што е пукнато тапанче при скокање во базен.

Откако ќе се оладиме во базен, река, езеро или море, се случува увото да ни се блокира, да почувствуваме благ притисок во него и нарушен слух, а подоцна и болка. Ова се првите симптоми на т.н „пливачко уво“, кое нема да исчезне без соодветен третман, па затоа е неопходно веднаш да се контактира специјалист за уво, грло и нос.

„Без разлика на чистотата и исправноста на водата, инфекција може да дојде и во приватните базени кои не ги користат многу луѓе. Треба да се внимава на хигиената, тоалетите и на увото, носот и грлото“, посочува д-р Крејовиќ.

Според неа, при капење во базени може да се појават не само видливи повреди на носот, туку и на увото, кои понекогаш може да бидат невидливи.

„Кога скокаме во водата, доаѓа до нагло менување на притисокот, како и при летање во авион, па може да пукне тапанчето, што е многу сериозна повреда и треба да се сфати и третира како таква, бидејќи тоа е начин за пренос на инфекција на централниот нервен систем“, вели Крејовиќ.

Таа напомнува дека симптомите на пукнато тапанче се акутна болка, зуење во ушите, исцедок, кој треба соодветно да се третира со антибиотици. Таа додава и дека во текот на летните месеци се почести инфекциите на надворешното уво кога за време на капењето влегуваат бактерии или габи, како и инфекции на синусите, крајниците и грлото.

Според советите на лекарот, децата и постарите лица треба да го исплакнат носот и грлото со стерилизирана морска вода, што е исклучително важна превентивна мерка.