Храна и Здравје

Подгответе пита со зелка по стариот рецепт и ќе испадне воздушеста и сочна

Состојки:

1 кг тенки кори
1 кгслатка зелка
125 гр ориз
4 главици кромид
1 лажиче сол
прстофат бибер
масло по потреба


Подготовка:

Ситно исецкајте ја слатката зелка, посолете ја и добро изгмечете ја со раце, па оставете ја да отстои десетина минути. На врело масло пропржете го ситно исечканиот кромид, па на пропржениот кромид додадете ја исцедената зелка. Се динстаат заедно додека зелката не добие убава светложолта боја. Тргнете го од оган и зачинете, па оставете ја смесата да се излади. Плехот намачкајте го со масло, па наизменично наредете ги корите и филот. Склопената пита попрскајте ја со врело масло и печете во добро загреана рерна додека корите не добијат жолтеникава боја.