Храна и Здравје

Според верувањата, ако ја имате оваа билка во домот никогаш нема да бидете сиромашни

Семето од босилек можете да го купите во земјоделска аптека, но и во доброснабдени продавници за храна. Тоа нема да ве чини повеќе од 100 денари, а од таа една картичка ќе добиете многу ластари кои можете да ги засадите, а можете да ги одгледувате и како еден огромен џбун.

Доколку сакате да купите расад, ќе го најдете на пазар и едно парче чини околу 20 денари, што е сосема доволно да го ставите во саксија, па на прозорецот од кујната или на терасата.

И сето тоа можете да го направите само поради верувањето дека „куќата која го има ова растение не може да биде сиромашна“.

Доколку, сепак, сте некој кој стои цврсто на земја и не потклекнува на различни верувања, еве конкретни причини зошто треба да засадите босилек оваа пролет:

  1. Сојузник во борбата против депресија;
  2. Го штити здравјето на кардиоваскуларниот систем;
  3. Ја активира работата на цревата и помага во детоксикација на организмот;
  4. Го подобрува варењето;
  5. Го штити организмот од појава на дијабетес;
  6. Тој е одличен афродизијак;
  7. Содржи антиоксиданти кои го штитат од болести;
  8. Го регулира стресот;
  9. Има антимикробни својства кои штитат од вируси и инфекции;
  10. Идеален е во борбата против појавата на малигни заболувања.