Чоколаден колач кој го добивате за половина час! Вреди да се проба!
Овој колач е толку лесен за подготовка, а да не зборуваме за вкусот. За половина час добивате магично чоколадно чудо, кое дефинитивно вреди да се проба.
Состојки
Бисквит:
4 јајца
50 грама шеќер
200 грама путер
100 грама чоколадо за готвење
4 лажици брашно – по можност пченично брашно
1 прашок за пециво
Крем:
1/2 L слатка павлака за шлаг
200-250 грама чоколадо за готвење
Прелив за бисквит:
0,5 dcl млеко
рум (опционално)
Подготовка
- БИСКВИТ:
Изматете ги жолчките и шеќерот, додадете го растопениот путер и чоколадото, брашното измешано со прашокот за пециво и на крај снегот од белката. Печете околу 20-25 минути на 180°. Откако ќе се испече бисквитот, прелијте го со 1/2 dcl млеко со малку рум.
- КРЕМ:
Загрејте ја слатката павлака на оган, и додадете го чоколадото. Варете додека чоколадото целосно не се растопи. Со врелиот крем прелијте го бисквитот. Кремот е малку потенок, но не грижете се бидејќи откако ќе го ставите во фрижидер ќе се стегне. Важно е да се напомене дека тортата не треба веднаш да ја ставате во фрижидер кога е уште топла, бидејќи кремот ќе пукне или воопшто нема да се стегне.