ПопуларноХрана и Здравје

Јаболките можат да ви го променат животот: Најдобро време да го јадете ова супер овошје

Јаболката се несомнено едно од најкорисните овошја што можеме да ги вклучиме во секојдневната исхрана.

Јаболката и покрај тоа што е лесно достапна за сите, се карактеризира со бројни предности за човековото тело:

  • Богати се со диетални влакна кои одржуваат чувство на ситост и го поддржуваат здравото варење
  • Богати се со антиоксиданси, кои можат да помогнат во спречување на разни болести
  • Витаминот Ц во нив го зајакнува имунолошкиот систем и не штити од настинки и грип
  • Калиумот во јаболката не одржува хидрирани и ни дава енергија
  • Содржат и витамини А и Б6
  • Јаболкото е идеална опција за лесна, нискокалорична закуска

Но, постои важно прашање: кога е вистинското време да се консумира јаболко?

Најлошо време за јаболка е ноќта, кога нашиот метаболизам се забавува и телото се подготвува за одмор. Во тој период нашето тело не е во состојба ефикасно да ги разгради хранливите материи од јаболкото, што може да резултира со нивно губење.

Па, зошто утрото е најдобро време за јаболка?

Утрото е совршено време за уживање во јаболка од неколку причини. Покрај тоа што го намалува ризикот од разни болести и помага за одржување на здрава тежина, јадењето јаболка наутро може да не одржува активни во текот на денот. Исто така, нивната висока содржина на влакна помага да се одржи долготрајно чувство на ситост.

Но, внимавајте кога ги јадете!

Иако утрото може да биде идеално време за јаболка, има и други периоди во текот на денот кога треба да бидете внимателни. На пример, јадењето јаболка после вежбање може да биде контрапродуктивно бидејќи телото потоа бара протеини и јаглени хидрати за обновување на мускулите и обновување на енергијата. Наместо тоа, дајте му ги на вашето тело потребните хранливи материи после тренингот.