БизнисПопуларно

Инвентивниот начин на кој Трамп го купил резортот Мар-а-Лаго

Како беше онаа изреката “Снаџи се па живи”, епа Трумп го напрпавил токму тоа кога сакал да го купи Мар-а-Лаго. Зделката се смета за една од најдобрите во историјата на недвижнини

Во 1927 Марџори Мериведер го изгради Мар-а-Лаго што значи “Од море до езеро” откако сватила дека нејзиниот друг дом е премногу мал за забавите кои ги сакала таа.

Вилата, која се состои од 58 соби и 33 купатила во 1927 чинела 7 милиони долари, што се околу 120 милиони долари денеска.

Како што се збори, Мериведер имала многу забави со светската елита во таа куќа, но откако починала во 1973, во тестамент го оставила резортот на Американската влада, со цел да стане “Зимска” бела куќа.

За жал тоа не се исполни бидејќи многу било скапо неговото одржавање. Потоа владата го вратила резортот и во 1983 тој бил на продажба за 20 милиони долари, плус 8 милиони долари за гарнитура.

Во тогашно време, Доналд Трамп бил во потрага по куќа во Палм Бич. Тој за резортот понудил 15 милиони долари. Понудата била брзо одбиена.

Но Доналд Трамп не бил спремен да прифати пораз, па почнал да размислува малце “од околу”.

Брзо потоа, тој го купил земјиштето помеѓу резортот и океанот за 2 милиони долари и јавно изјави дека има намера да изгради куќа која ке го блокира погледот на Мар-а-Лаго, по што другите купци го повлекле интересот.

Втората понуда на Доналд Трумп изнесувала 5 милиони долари и била прифатена. Платил додатни 3 милиони за гарнитурата.

На крајот од краиштата, куќата сепак стана “Зимска” бела куќа