Спорт

Барса прокоцка два разлика, Дортмунд го надигра Атлетико за полуфинале против ПСЖ

Вечерва се два од четирите возвратни натпревари од четвртфиналето на Лигата на Шампионите.

На Камп Ноу, Барселона одлично го отвори натпреварот и поведе со 1-0 рано преку Рафиња, но сенка на голот фрли Араухо со фаулот за црвен картон, по што парижаните целосно ја преземаа иницијативата.

Најпрво изедначија преку Дембеле и на полувремето се замина со реми, а во вториот дел Французите максимално го искористија фактот што се побројни од противникот и до крајот постигнаа уште 3 гола.

На натпреварот во Дортмунд, Борусија отвори фуриозно и заслужено поведе со 2:0 по првиот дел, но головите на Бранд и Матсен сепак не беа одлучувачки за полуфинале. Атлетико се врати на стартот на вториот дел со автоголот на Хумелс и голот на Кореа, па иако се чинеше дека Шпанците сега се блиску до полуфинале, Германците уште еднаш покажаа карактер и дадоа уште два гола.

Головите од натпреварите можете да ги погледнете ТУКА и ТУКА.