Спорт

“Да можев да се клонирам, немаше да има проблем” Јокиќ се огласи по поразот од Минесота

Јокиќ имаше интересна идеја за справување со Минесота по првиот одигран натпревар на домашен терен

По првиот натпревар од полуфиналето на западната конференција, Никола Јокиќ и Денвер Нагетс за жал беа поразени на домашен терен од Ентони Едвардс и Минесота Тимбервулвс со резултат од 99-106

По натпреварот, Никола Јокиќ беше прашан како планира да се справи со високите играчи кои непрекинато го чуваат, а неговиот одговор ги насмеа сите.

“Па да имав дупликат клон од сам себе немаше да биде проблем. Да имавме клон ќе бев свеж кога ќе почнеше да ме чува нов човек”

Вториот натпревар помеѓу Денвер и Минесота се игра вечерва во Денвер во четири часот по полноќ.