18+

Кање Вест влегува во индустрија за содржини за возрасни

Неодамна, TMZ пуштија гласини дкеа таткото на четири деца планира да отвори студио за порно “Yeezy”, кое би било дел од “„”поширока поделба за забава за возрасни” во неговата постоечка империја Yeezy.

Шпекулациите беа потврдени од самиот Кање Вест на неговиот Икс профил:

Откако го објави твитот и доби жестоки реакции од неговите спиритуални фанови, тој одлучи да ја избрише изјавата од социјалните мрежи.

Како што се најавува, Кање е во разговори со Мајк Моз, поранешниот сопруг на порно ѕвездата Сторми Даниелс, кој и самиот е ветеран во бизнисот, за да му помогне да го активира брендот.

Иако овој потег сигурно би непредвидлив, дури и за Канје Вест, рап иконата не го криеше својот апетит за содржини за возрасни во минатото.

Во интервјуто со Зејн Лоу во 2019 година, пред објавувањето на неговиот госпел албум „Jesus is King“, тој призна дека има „целосна зависност од порнографија“.

„За мене, Плејбој беше мојата порта за целосна зависност од порнографија“, рече тој. „Татко ми го изостави Плејбој списанието на петгодишна возраст и тоа влијаеше на речиси секој избор што го направив до крајот на мојот живот.

„Од петтата година до сега, морам да ја отфрлам навиката и таа едноставно се прикажува на отворено како да е во ред и јас станувам и велам: „Не, не е во ред“.

Потоа, тој призна дека верата е таа што му помогнала да ја излечи својата зависност, велејќи: „Со господ успеав да ги победам работите што целосно ме контролираа“.