18+

„Дечко ми ме изневеруваше со мајка ми, но советот на терапевтот беше полош од целата ситуација“

Откако ја открила оваа болна вистина, измамената жена се изолирала од сите еден месец и се обидувала некако да се избори со изневерувањето од личноста која најмногу ја сакала.

Една жена го изрази своето згрозување откако откри дека нејзината мајка спиела со нејзиното момче една година – но советот на нејзиниот терапевт ја остави уште повеќе шокирана.

Доживеала целосен шок кога дознала дека нејзината мајка зад грб одржува врска со нејзиното момче. Ситуацијата се влошила кога терапевтот и предложил да им прости, тврдејќи дека нејзината реакција е „премногу сурова“.

– Пред два месеци открив дека мајка ми за време на пандемијата речиси една година спиела со мојот дечко. Нема да навлегувам во сите детали, но накратко – дознав од една личност, но не можев да поверувам. На шега ја прашав мајка ми за тоа, а таа веднаш почна да плаче и на крајот се призна – изјавила во објава на Редит.

Откако ја открила оваа болна вистина, изневерената жена се изолирала од сите еден месец и се обидувала некако да се избори со изневерувањето од личноста која најмногу ја сакала.

Набрзо, една пријателка и предложила да оди на онлајн терапија, а подоцна се префрлила на индивидуални тераписки сесии за полесно да ја преброди оваа тешка ситуација.

– Разговаравме за моите чувства и како да продолжиме понатаму. Секогаш бев скептична за терапијата, но мојот терапевт многу ми помогна, па се одлучив за индивидуални часови – изјавила таа.

Меѓутоа, за време на неодамнешниот состанок, терапевтот ја изненади целосно.

– Дваесет минути по почетокот на терапијата ме праша дали размислувам да им простам за стореното. Бев шокирана и му кажав дека тоа апсолутно не доаѓа предвид. Тој го нарече мојот одговор „премногу строг“ и ми предложи да размислам за тоа откако ќе се смират болките – напишала таа.

– Се чувствував како повторно да сум изневерена. Бев збунета и дополнително вознемирена – додала таа.

Таа се обрати на социјалните мрежи за совет, прашувајќи: „Што да правам? Дали е проблемот со мене или неговиот одговор е сосема несоодветен? Дали воопшто треба да одам на следната терапија? Како да се прости нешто што е толку болно?‘ – изјави таа.

Коментирајќи ја нејзината објава, еден корисник напиша: „Остави го тој терапевт, неговиот одговор е непрофесионален и неприфатлив“.

Друг корисник додаде: „Не можам да замислам поголемо предавство од кога вашата мајка спие со вашиот партнер. Не знам како тоа би можело да се прости. Вашиот терапевт очигледно не е свесен за траумата низ која поминувате“.

– Или самиот е измамник или е целосно неспособен. Во секој случај, таа треба да бара нов терапевт – советува таа, пишува The Mirror.