ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Добиле дете преку вонтелесно оплодување, па забележале дека е друга раса: Кога ги дознаа резултатите од ДНК тестот, го доживеаја шокот на нивниот живот!

Големо внимание предизвика приказната за Дру Василевски и Кристина Којдерик од Њу Џерси, кои поминаа низ трауматично искуство по ин витро оплодување.

Парот со години се обидувал да добие второ дете и конечно во 2012 година се одлучил за ин витро оплодување.

По успешната процедура добиле девојче, но набрзо забележале дека нивната ќерка ги добива физичките карактеристики типични за луѓето со азиско потекло, иако ниту еден од родителите не е Азиец.

Кога непознати почнале да ги прашуваат дали посвоиле дете, Дру и Кристина решиле да направат ДНК тест, кој покажал дека девојчето не е поврзано со Дру.

Резултатите откриле дека детето наследило ретко заболување на крвта типично за луѓето од Југоисточна Азија, што укажувало на сериозна грешка при процесот на оплодување.

Овие откритија длабоко ја потресоа двојката и го забрзаа нивниот развод, иако тие останаа во пријателски односи поради грижата за децата.

Двојката ја тужеше клиниката каде е извршено вештачко оплодување барајќи одговори кој е биолошкиот татко на нивната ќерка.

На суд, тие добија право да пристапат до листата на донатори на сперма од тој период. Иако нагласиле дека ја обожаваат својата ќерка, сакале да ја дознаат вистината за нејзиното потекло за да и дадат одговори за нејзината генетска историја.

Овој случај ја нагласува сериозноста на грешките во медицинските процедури како што е ИВФ и болната реалност низ која можат да поминат паровите кога се обидуваат да основаат семејство.