ЗабаваПопуларно

Илон Маск го сподели најефикасниот начин за учење на деца според него

Неодамна Илон Маск учествуваше на глобалната конференција на Милен институт каде што беше прашан како е најдобриот начин за децата да се развиваат а неговиот одговор беше подобрувањето на начинот на едукацијата.

Маск за едукацијата кажа:

“Кога предавате курс, треба да им објасните на децата зошто е важно да го знаат тоа, и сакате да го научите проблемот наместо да ги учите алатките”

“Што сакам да кажам со тоа е да речеме имаме мотор за автомобил, ајде да се обидеме да разбереме како функционира ова, ајде да го расклопиме. Значи, што ни треба за да го расклопиме? Па, ни треба клуч, шрафцигер, ни треба дигалка, ајде сега да го расклопиме и да видиме како моторот функционира. И попатно се учи за клучевите и шрафцигерите и сите потребни алатки.”

“Тоа е всушност привлечно и примамливо”

Потоа овој метод го спореди со традиционалниот метод на предавање.

“Начинот на кој наставата вообичаено функционира е, ние ќе ве научиме курс за клучеви или курс за шрафцигери. Ти се прашуваш зошто е потребен курс за клучеви. Тоа е како да објаснуваш курс за калкулус без да објасниш за што се користи калкулус”